
Бурна пролет и жешко лето се најавуваат инфраструктурно во општина Карбиници. Денеска комплетно се заврши започнатата главна улица во село Таринци, каде се постави вториот асфалтен слој, се реши тротоарното решение и атмосферската канализација. Жителите нема да газат кал и остатоци од асфалт со што селото добива модерен лик.
„Која вклучува комплетно изградба на атмосферска канализација и тротоарско решение. Проектот е со вредност од осум милиони денари.“ – кажа Паунов.
Од направениот увид во градежните активности на лице место, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека 60 до 70% од ветеното до сега во Карбинци веќе е реализирано. Додава дека со вакво темпо до крајот на втората година од мандатот на Паунов целата програма ќе биде реализирана.

„Повеќе од 60 до 70% од она што е ветено во таа кампања е реализирано, градоначалникот е оптимист, до крајот до истекот на втората година од мандатот ќе ја исполни кампањата која е ветена“ – вели Мицкоски.
Во оваа прилика Мицкоски како професор даде висока деветка за работата на Паунов, додавајќи дека оценката ќе расте реализирајќи се целата ветена програма.
Лаура Стојанова М-Нет