
Бројот на новозаразени лица од ковид 19 во континуитет следи тренд на опаѓање. Во Клиничка болница Штип хоспитализирани се вкупно 62 ковид пациенти од кои 36 во модуларната ковид болница и 26 на Инфективното одделение. По последните 24 часа примени се 5 нови пациенти, а 42 имаат потреба од кислородна поддршка, истакна потпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска. Слободни се 40 кревети од кои 11 во модуларната болница и 29 на Инфективно одделение без можност за кислордна поддршка. Едно лице ја изгубило битката со невидливиот непријател. Во кочанската Општа болница ситуацијата со ковид 19 држи статус кво. Хоспитализирани се 22 ковид пациенти во модуларната болница, 15 имаат потреба од кислородна поддршка, а слободни се 8 кревети, истакна директорот на болницата, Александар Серафимов. Една пациентка од Кочани починала како копликации од корона вирусот. Меѓутоа, бројот на новозаразени се намалува а со тоа се намалува и притисокот врз болниците. Сеуште се на сила мерките и препораките за заштита од ковид 19.
Според информации од министерството за здравство досега во земјата се направени вкупно 726.409 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.814, бројката на оздравени пациенти е 134.653, на починати е 4.992, а бројот на активни случаи изнесува 13.169.
Лаура Стојанова М-Нет