
Од денеска намалено времетраењето на полицискиот час. Истиот ќе започне во 23 часот наместо од 21 часот како што беше до сега и ќе трае до 5 часот наутро наредниот ден. Ова како предлог беше прифатено на вчерашната владина седница по претходен предлог од страна на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство. Со ова угостителите ќе може да работат до 22:30 часот но само на отворените делови.
Владата го прифати и предлогот на Комисијата за инфективни болести сите македонски граѓани и странци кои пристигнуваат од Индија и Бразил да одат во задолжителна самоизолација со цел да се спречи ширењето на новите видови на ковид.
Шест часовното траење на полицискиот час е резултат на намалувањето на бројот на новоинфицирани пациенти од ковид 19 и намалениот притисок врз болниците. Останатите мерки и препораки за заштита од корона вирусот остануваат на сила. Сеуште важи задолжителното носење на заштитна маска одржување дистанца и користење на средство за дезинфекција. Забрането е собирање и групирање на повеќе од 4 лица.
Лаура Стојанова М-Нет