
Избраниците на селекторот Благоја Милевски го оправдаа поверението и го надиграа директниот конкурент за втората позиција во својата група. Младите играчи на Македонија беа убедливи, дојдоа во водство од 3:0 со двата гола на Дарко Чурлинов и на Јани Атанасов. Потоа следуваше драматичен период во кој Казахстан намали на 1:3 и имаше шанса од пенал да ја врати неизвесноста на овој меч, но за среќа промашија. Потоа следуваше едно, па второ исклучување кај домакините по што Македонија преку Димитар Митровски постигна гол за конечен резултат Казахстан Македонија 1:4. Свој деби настап на овој натпревар имаше штипјанецот Бојан Миовски кој настапува за унгарскиот МТК а во вториоот дел во игра влезе и играчот на Брегалница Кристијан Ацковски. а на клупата беше и неговиот соиграч, голманот Давид Денковски. Со оваа победа Македонија е на второто место на табелата со 13 бодови а прва во групата е Шпанија со 16 бодови задржувајки ги шансите како најдобра втора селекција да настапи на Европското првенство.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk