
Третата седница на Советот на Општина Штип, прилогот на нашата телевизија во врска со истата поточно насловот предизивика реакција кај Координаторката на советничката група на СДСМ, Маријана Поповска Рогожарска. Имено, на нејзиниот фејсбук профил таа напиша дека насловот е „Брилијантен“ за прилог на еден од локалните медиуми.
„„Брилијантен“ наслов за прилог на еден од локалните медиуми. Кога отсуството на корективот на власта ќе го окарактеризираш како МИРНА АТМОСФЕРА…“ – напиша на фејсбук Рогожарска.
М-Нет телевизија е регионален медиум кој емитува во општините од Источниот дел од државата. Насловот дека ситуацијата беше мирна се поткрепува со фактот дека на истата немаше несогласувања, препирки меѓу советниците и тензична атмосфера, секако бидејќи опозицијата не присуствуваше на седницата како што е наведен и во насловот. Дали Јавниот став изнесен на социјална мрежа од личниот профил на координатор на Советничката група на СДСМ, е притисок врз новинарското работење?
Екипата на М-Нет денеска побара нејзин став во врска со прилогот и насловот на истиот, но таа истакна дека во работно време не дава изјави.
Го прашаваме и претседателот на ОО на СДСМ Штип, Александар Кангалов дали објавата на координаторот на советничката група на СДСМ е и нивен став. Во телефонски разговор за М-Нет тој кажа дека на социјалните мрежи секој си пишува за свој личен став.
„Доколку ние како партија имаме став во врска со одредено прашање или тема, истото ќе го коментираме на нашата страна. На социјалната мрежа фејсбук секој има право да си го каже своето мислење или став. Таков е и овој пример“ – кажа Кангалов.
До реакција од координаторката на советничката група на СДСМ, дојде по вчерашната седница на која опозицијата не присуствуваше на истата, при што мнозинството од Владејачката партија по точките одлучуваа без несогласувања и истите се донесуваа со мнозинство гласови.
Лаура Стојанова М-Нет