Функционални се или не возилата во ТППЕ Штип?

По вчерашниот прилог на М-Нет телевизија во врска со возниот парк во Територијалната противпожарна едница Штип денеска преку прес конференција се изјасни и командирот на ТППЕ Штип, Тони Атанасов. Според него оваа инстутуција која треба да влева доверба кај граѓаните често е тема на разговор во јавноста само заради еден граѓанин.

„Повод за денешниот прес се зачестените напади од страна на еден поединец на социјалните мрежи, а во последно време неговите ставови се промовираат и од една Локална телевизија, што по наше мислење може да предизвика последици по довербата на граѓаните кон ТППЕ Штип, а со тоа да се загрози и безбедноста на граѓаните“ – кажа Атансов.

Атанасов истакна дека причината за напдаите не му е позната, но на денешниот прес ги искажа постигнатите резултати на оваа институција во претходниот период.

„Ние работиме со средства со кои располагаме. Наша работа е да се справиме со предизвиците како што знааеме и умееме. Ќе напомена со што располагаме. Ударни или средства кои најмногу ги користиме се застава 49 години стара, фап 48 години стар, сканија 30 години стара, даф 55 – 12 години стар… Нормално е возила со ваква старост да имаат дефекти“ – додаде Атанасов.

Сериозноста на оваа професија бара од вработените да бидат на служба на граѓаните 24 часа во денот и тоа е исполнето од нивна страна, додаде Атансов. Тој одговорно потврди дека возниот парк е во исправна функција освен заставата. За сканијата кажа дека се користи само за сообраќајни нескреќи, а ротационото светло на возилото 45 не работи, но тоа не е пречка за да се излезе на терен.

Пред ТППЕ Штип утринава беше и Александар Георгиевски кој коментирашше за ситуацијата во оваа иституција. По пресот на Атанасов, Георгиевски уште еднаш потврди дека ситуацијата со возниот парк е во катастрофална состојба.

„Од тоа што сум пишал не дел, 100% се што сум пишал е вистина. Командирот на ТППЕ Штип, при изјавата тоа го призна, значи за се што сум пишал јавно најодговорно тврдам дека е вистина. Доколку една работа од тоа што сум пишал не е вистина еве командирот нека ме тужи“ – кажа Георгиевски.

Лаура Стојанова М-Нет