
Брзото возење на улицата „5-та партиска“ во населбата Сењак во Штип, претставува опасност за поминување. Се вози со брзина 100 километри на час, велат жителите на населбата и истакнаа дека доколку тие не пазат можат да настанат несакани последици. Загрозена е нивната безбедност и безбедноста на нивните деца кои секојдневно минуваат од овде.
Апелираат до возачите да внимаваат, имајќи во предвид дека повозрасните лица имаат проблеми со движњата, а тоа претставува факт дека и нивните реакции се по бавни.
„Возат коли без кров, возат брзо овде по улицата, тоа е срамота. Ако не отвореме очи, ние сме во години, дури видете една кола, другата е веќе до вас. Возат 100, а градинка има овде.“, истакнаа граѓаните
Во согласност со ситуацијата, од страна на секторот за внатрешни работи Штип апелираат на внимателно возење. Посочуваат дека екипи постојано се на терен,не само на оваа локација туку и на многу дрѕги. Се сакнкционираат сите прекршоци кои се прават во сообраќајот. Апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбедни патишта.