
Уште две кола остануваат во игра, можност за освојување на шест бодови – неколку екипи во трка за директен опстанок во елитата.
Пелистер е во најтешка ситуација, иако има шанси за директен опстанок, ако битолчани слават над Тиквеш во Кавадарци и против Башкими на домашен терен, но притоа Арсими и Брера загубат.
Брера Струмица е во нешто подобро ситуација бидејќи има бод повеќе од Пелистер, а струмичани до крајот ќе играа со Шкендија во гости и дома со Шкупи. Добрата ситуација за струмичани е тоа што и со триумф над Шкупи, а пораз од Шкендија можат до директен опстанок, ако Арсими загуби од Силекс и Струга. Ако Брера ги освои шесте бодови, тогаш ќе треба Арсими да ги добие двата натпревари за директен опстанок, ако тимот од Чегране има триумф и пораз, тогаш ќе ма ист број на бодови како и Брера, но струмичани имаат подобар меѓусебен дуел.
До крајот Пелистер и Брера ќе сакаат шест бодови, а пак Арсими и Башкими ќе треба да изборат директен опстанок со тоа што ќе треба да ги освојат шесте бода до крај.
Тиквеш веќе го потврди опстанокот, а пак поранешните шампиони Македонија ЃП, Работнички и Шкупи се преселија во Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет