
Во неделата се одржа првиот турнир на билјард клубот Штип во новите простории, што овозможи многу подобра организација, атмофера и можност за публика, која следеше атрактивни натпревари и неизвесни дуели.
Од клубот за М Нет телевизија посочија дека се презадоволни од организацијата, атмосферата и играта прикажаната на турнирот. Како што велат од клубот се играле натпревари на високо и професионално ниво.
Првото место на турнирот кој го организира билјард клубот Штип, го освои Тоше Стојановски, на второто место заврши Владо Режанков, а пак трет беше Кире Донев.
На турнирот покрај натпреварувачи од Штип, учествуваа и натпреварувачи од Скопје, Струмица, Делчево, Велес и Виница, а Штип се покажа како одличен домаќин.
Од клубот се заблагодарија на сите учесници и пријатели, како и поддржувачи за да може овој турнир кој веќе прераснува во традиција да помине во најдобар ред. Од билјард клубот Штип, порачаа дека во иднина ќе има уште вакви турнири, а на кои конкуренцијата станува се посилна.
Александар Ванев, М-Нет