
Прволигашот Брегалница продолжува да го гради ростерот за новата сезона, а по промоцијата на првото летно засилување Мартин Стојанов кој дојде од Тиквеш и е повратник во редовите на „сините“, следува и задржување на три клучни играчи.
Покрај Стојанов раководството на Брегалница успеа да обезбеди уште три потписи за продолжување на соработката со капитенот Стефан Коцев, Ристе Темелков и Бојан Рајков.
Како што објави М Нет телевизија во текот на вчерашниот ден, Брегалница интензивно работи на комплетирање на ростерот и се водат преговори со уште неколку засилувања, кои во текот на овие денови ќе се промовираат и официјално. Исто така, претходно како што објавивме ново засилување ќе биде и Дарко Стојанов, кој е повратник во Брегалница, а доаѓа од редовите на Кожуф, а искусниот дефанзивец ќе треба да биде промовиран деновите.
Новата сезона во Прва лига започнува на 25 јули, а Брегалница отвара против шампионот Вардар во гости.
Александар Ванев, М-Нет