Брегалница ја очекува дерби меч во Штип против Македонија ЃП – трите бодови императив во трката за директен влез во Прва лига!

Во сабота на Градскиот стадион во Штип ќе се соочат ланските прволигаши Брегалница и Македонија ЃП, дерби меч во трката за директен влез во Првата лига.

Овој меч е од капитална ваѓност и сигурно е дека ќе направи промени во врвот од табелата. Ако Брегалница триумфира ќе ја продолжи трката за директен влез во елитата, а Македонија ЃП ќе може да заврши и на третото место на табелата. Со реми Брегалница ќе остане четврта, а Македонија ЃП може да го загуби лидерското место.

Тоа значи дека за „лавовите“ од Ѓорче опција е само три бодови, а опција за „сините“ од Штип исто така е три бодови. Токму тоа и го прави овој натпревар да биде дерби на колото.

Македонија ЃП е прва со 56 бодови, а толку има и Башкими кој е втор, Арсими е трет или во бараж зоната за Прва лига со 54 бодови, а Брегалница е четврта со 51 бод.

До крајот остануваат уште пет кола, а во игра се 15 бодови, што значи дека финишот на сезоната носи голема неизвесност за тоа кои две екипи директно да патуваат во Прва лига, а која екипа да игра бараж за можен влез во Прва лига, додека пак една екипа ќе мора да извиси и со тоа да остане и во следната сезона второлигаш.

Александар Ванев, М-Нет