Долговите кон судиите ќе бидат подмирени, продолжуваат натпреварувањата во сите кошаркарските лиги во Македонија

По пауза од речиси половина месец од денес продолжуваат натпреварувањата во кошаркарските лиги во Македонија. Овој прекин во првенството дојде поради штрајкот на судиите кои не прифатија да ги судат натпревари додека не им бидат исплатени сите долгови од Федерацијата.

Сепак бил постигнат договор за да се врши исплата кон долговите, а според тоа направено е делегирани за натпреварите од Првата кошаркарска лига, каде се игра четвртфиналето на плеј-офот, како и за првото коло на плеј-аутот од Првата кошаркаска лига.

Со започнувањето на натпреварите во кошаркарската елита на Македонија, продолжуваат натпреварувањата и во пониските лиги и во машка и во женска конкунреција.

Во кошаркарката елита на Македонија титулата ја брани МЗТ Скопје.

Александар Ванев, М-Нет