Брегалница со прв пораз се враќа од Скопје

Денес се одиграа натпреваритеод 6 коло во рамките на Првата Македонска фудбалска лига во кој екипата на Брегалница го доживеа првиот пораз од Рабонички во Скопје. Работнички постигна гол за 1:0 во 28 м. а стрелец беше Станковски. Во второт дел Работнички со гол од пенал преку Ристовски го постави конечниот резултат за победа од 2:0. Еве ги комплетните резултати од ова 6 коло:

  1. Работнички – Брегалница 2:0
  2. Струга ТЛ – Скопје 1:0
  3. Борец – Пелистер 2:1
  4. А.Пандев – Македонија ЃП 4:1
  5. Тиквеш – Ренова 0:2
  6. Шкендија – Шкупи ќе играат во вторник 14 септември

Табела

  1. А. Пандев 13
  2. Струга ТЛ 12
  3. Ренова 11
  4. Работнички 11
  5. Шкупи 10 (- 1)
  6. Македонија ЃП 9
  7. Брегалница 7
  8. Борец 7
  9. Шкендија 6 (-1)
  10. Скопје 5
  11. Тиквеш 2
  12. Пелистер 1

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk