Брегалница со нов голман во новата сeзона. Црногорецот Шкечиќ ново засилување на клубот

Црногорскиот голман Немања Шчекиќ е третото засилување за Брегалница во летниот преоден рок пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска стои во соопштението од клубот.  Од Брегалница  информираат дека новото засилување Шчекиќ има богата фудбалска кариера, а во редовите на „сините“ доаѓа од Рудар Приједор, од шампионатот на БиХ каде настапуваше изминатава сезона.Во својата кариера,  новиот чувар на мрежата на Брегалница, кој потекнува и од младинските школа на белградски Партизан, има настапи и за Чукарички и Земун во Суперлигата на Србија, во црногорскиот Могрен, унгарска Бекешчаба, бугарската Монтана како и во Лори Ванадзор во Ерменија. На официјалниот веб сајт на клубот стои дека  Шчекиќ треба да биде повеќе од сериозно засилување за голманската позиција, заедно и со младинскиот репрезентативец Давид Денковски.