Брегалница против Струга ТЛ во Купот на Македонија

По денешната ждрепка во просториите на ФФМ, во четвртфиналето од Купот на Македонија ФК Брегалница за противник ја доби екипата на Струга ТЛ. Натпреварот ќе се одигра на гостински терен на 9 ноември со почеток во 13 часот. Останатите двојки се следните:

Силекс – Вардар

Македонија ЃП – Академија Пандев

Шкупи – Шкендија

Се очекуваат интересни натпревари и сите ќе се одиграат во истиот термин, 9 ноември со почеток во 13 часот