Брегалница денес на тест со Пелистер во Струга

Брегалница денес со тест меч против битолскиот второлигаш Пелистер во Струга ќе ги заокружи подготовките во Охрид.

Штипските “сини” во 12 часот на стадионот во Струга ќе го одиграат последниот контролен натпревар и се враќаат во Штип.

Претходно, Брегалница загуби од Воска Спорт со 3:0, со 0:1 го доби Караорман, а со 1:2 славеше над Охрид. На првиот тест Брегалница одигра 0:0 со Академија Пандев во Струмица, а во Штип со 1:0 го доби Тиквеш.

“Генералката” ќе биде против Беласица на Градскиот стадион во Штип.