
Роберт Митев денес е промовиран како трето засилување за најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.
28-годишниот кричен играч кој потекнува од академијата на Вардар, доаѓа од редовите на второлигашот Охрид, а во својата кариера има настапувано и за Силекс, Беласица, Тиквеш, Велазерими од Кичево, Еуромилк ГЛ, Љубанци, Скопје, Вардар и Тиверија од Стумица.
Претходно, Вардар се засили со Дејан Цветаноски и Дарко Размоски.