
Бранко Горгиев е новиот директор на Центарот за јавно здравје Штип. Од денеска тој седнува во директорската фотелја на местото на досегашната директорка Марија Димитрова. Бранко Горгиев има завршено економски факултет, насока здравствен менаџмент, а претходно работеше во штипското јавно претпријатие Исар.
Димитрова функцијата директор на Центарот за јавно здравје Штип ја извршуваше од 17 јули 2017 година.
Лаура Стојанова М-Нет