Објавен јавниот повик за вработување на полицајци, во СВР Штип место има за 35 нови полицајци

Објавен јавниот оглас за вработување на 600 нови полицајци во Министетрството за внатрешни работи. Во Секторот за внатрешни работи Штип има место за вранотување на 35 нови полицајци.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите улови, објавено на страната на МВР, но и посебни услови однонсо потребна телесна висина од најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена)
– висока лична физичка подготвеност.

Од МВР информираат дека кандидатите ќе имаат едногодишна интезивна обука во центарот за обука при МВР, додавајќи дека на ваков начин се учи професионалноста за понатамошната работа.

Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас (не сметајќи го денот на самото објавување).

Лаура Стојанова М-Нет