
Се уредуваат тротоарски површини во населба Дузлак. Општина Штип издвои повеќе од 900 илјади денари од Буџетот со цел да се реши уште едно од барањата на граѓаните. Дополнително ќе се работи на водоводната мрежа на дел од улиците, а потоа ќе следува и нивна реконструкција. Градоначалникот Иван Јорданов, најави нови детски реквизити во паркот во населбата како и многу нови содржини за сите генерации.
„Овде се уредуваат тротоарските поврѓини на една од најфрекфентните улици во оваа населба. Повеќе од 800 метри квадратни тротоарска површина ќе биде истретирана и нешто повеќе од 900 илјади денари е вредноста на ова кое ќе се работи. Во населба Дузалк освен оваа тротоарска површина која ќе се уредува планирано е да бидат опфатени уште неколку улици и со замена на водоводна мрежа, предвидени се дополнителни активности во насока на детски реквизити во веќе постоечкиот парк“ – вели Јорданов
Јорданов посочи дека активности во оваа населба ќе има и наредната 2025 година, а истите ќе бидат предвидени во новиот Буџет. На тој начин населбата ќе добие променета подземна мрежа, обновена инфраструктура и многу нови содржини.
Во меѓувреме се работи на повеќе локации во речиси сите населени места во Штип. Целта е урбанизација и модернизација на градот.
Лаура Стојанова М-Нет