
Штипјанецот Бојан Миовски во неделата го имаше својот деби настап за тимот на унгарскиот прволигаш МТК Будимпешта. Во натпревар од 4 коло на Првата OTP BANK лига на Унгарија се сретнаа МТК и Залаегершег а Бојан Миовски во игра влезе во 62 м. на местото на Даниел Гера, откако во првите три кола отсуствуваше поради повреда. Натпреварот на големо изненадување заврши со победа на гостинскиот тим изразена со резултат 0:3, ако се има во предвид дека МТК по прите три кола имаше скор од една победа и две нерешени средби со освоени 5 бодови.

По првите 4 кола лидер на унгарската табела е тимот на МОЛ Фехервар со 8 освоени бодови, екипа во која настапуваат вториот штипјанец Бобан Николов и некогашниот вардарец Муслиу, додека пак екипата на МТК е на 7 место со 5 освоени бодови.

Радува податокот што Бојан Миовски е потполно рехабилитиран и во наредниот период се очекува да биде во стандардната формација а според распоредот следува куп натпреварот Епиток – МТК на 19 септември, додека 5 коло ќе се одигра на 26 септември во кое ќе се сретнат Пакс – МТК.

Инаку младиот Бојан Миовски кој е роден 1999г. кариерата ја започна во Мал Ајакс, за да продолжи во Брегалница, потоа во Работнички кој пак го отстапи на Карабах,

се врати во Македонија на една година во Ренова за да сега потпише 3 годишен договор со екипата на МТК Будимпешта.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk
Монтажа: Дарко Лазев