Измамени граѓани со огревни дрва во Штип и Свети Николе

На 15.09.2020 во 12.14 во СВР Штип,  П.Р.(87) од Штип  пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 6.000 денари. Според пријавеното,  околу 12.00 часот во неговиот дом на ул.„Цветан Димов“ во Штип дошло лицето и му понудило огревно дрво, а откако се договориле тој му ги дал парите, по што лицето заминало и не му донело дрва. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.09.2020 во Полициската станица Свети Николе, Љ.М.(67) од Свети Николе пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 7.000 денари. Според пријавеното, околу 15.00 часот во нејзиниот дом на ул.,,Ванчо Ангелов“ во Свети Николе дошло лицето и и понудило три кубни метри  огревни дрва за сума од 7.000 денари. Според пријавата, таа му ги дала парите, по што заминало, но не и донело дрва. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.