Пуштањето во употреба на експресниот пат Штип-Кочани, делница Крупиште доцни цела година

Залутани автомобили на погрешен пат поради неинформираноста на  возачите за правецот на движење по новиот асфалт и патот за кои сметат дека е пуштен во употреба се секојдневие на оваа сообраќајница. Проектот тежок деветнаесет милиони евра, не тапка во место но постојано ја пролонгира конечната финализација. Иако изведувањето на работни дејности во поволен календарски период од годината не беше лимитирано од Ковид состојбата, факт е дека во овој случај финализацијата на исчекуваниот проект се одолговлечи. Најновите најави се дека конечното официјално пуштање во употреба сепак ќе се случи на крајот на овој месец.

Интензивните работи на еден од трите експресни патишта  во Источна Македонија, наговестуваат дека наскоро конечно ќе се случи негово пуштање во употреба. Договорот за изведба на овој капитален проек во регионов во 2017 година беше потпишан помегу градежните фирми „Гранит и Бетон“ како членки на конзорциумот  и Јавното претпријатие за државни патишта.

Подготви: Маре Стојилова М-Нет

Монтажа: Дарко Лазев