
Тоне работната сила, капацитетот и продуктивноста оти не се развиваат политики за зачувување и развој на работниците – истакна денеска од Штип, Миле Бошков, од бизнис конфедерацијата на Македонија. Вели дека мора да се работи на перспективи за подобрување на условите за работа на работниците со цел да се задржат во државата и да може да работат и придонесуваат во развојот на истата.
„Мораме да кажеме дека сме свесни како бизнис заедница, тоне работната сила, капацитетот и продуктивноста оти не се развиват политики за зачувување на работниците, нивно развивање, а од друга страна и за нивна безбедност. Она што ќе се работи се предизвицте што нѐ очекува, кој ни се перспективите. “ – вели Бошков.
Покрај работниците, новите производи и реконстуирање на текстилното производство, мора да се најде начин како да се грижиме за животната средина и регионот, посочи Бошков. Но, неопходен е и Законот за работни односи кој стои во фиока.
„Можеби ќе треба да останеме на варијанта од претходниот Закон и варијанта од преговорите, доколку немма е време да го преработиме целиот. Крши многу работнички права ама ќе гледаме да им се вратат работнички права на работниците“ – додава тој.
Бошков вели дека поголем дел од компаниите кои ќе бидат поддржани во иднина од Фондот за иновации треба да бидат од текстилната индустрија. Дека поддршка има и ќе има потврди и директорот на фондот, Никола Додов.
„Како фонд поддржуваме компании кои помагаат во развој на идустриите, а ова е втора најголема индустрија во државата.“ – вели Додов.
Фондот за иновации има поддржано преку 1100 проекти, а над 50 компании се формирани од млади ентузијасти.
Лаура Стојанова М-Нет