
Ајварската пиперка и денеска доминирше на пазарот во Штип. Идентично како и претходните петоци беше продадена уште рано изутрина. Побарувачката е голема, ама производството веќе е при крај велат продавачите. За наредниот петок неизвесно е дали ќе има ајварска пиперка за продажба или не. Но, денеска задоволителна бешепобарувачката и на останатите производи на пазарот во Штип. Се бараа и купуваа и поризводите за туршија.
„Моментално останаа краставички и пипер. Понудата е многу помала, а побарувачката е сега оти нема доволно пиперки. До другиот пазар ќе нема. Ако земете да пресметате се не се исплаќа, ама нема што да се работи.“ – велат продавачите.
За купувачите и денеска причилно скапо. Ниту покачувањето на пензиите од 2500 денари не беше доволно за нив за да купат сѐ што сакаат, туку бираа што е најнеопходно. Велат дека избор има, но секој купува согласно своите примања и можности.
„Пазар има, купив јаболка. За сега скапо , пазарот е скап. Спрема нашите пензии скапо е“ – велат купувачите.
Освен ајварската пиперка, се трошеше и пиперот за пржење, доматите и краставиците, а побарувачка имаше и кај сезонското овошје, грав и ориз. На листата барани производи се најдоа и корнишоните како дел од производите за туршија.
Лаура Стојанова М-Нет