Откриена скулптурата „Зашиени емоции“, започна Тектилијада 8 во Штип со присуство на претседателката Гордана Силјановска-Давкова

Со откривање на скулптурата „Зашиени емоции“ денеска и официјално започна осмата по ред Текстилијада во Штип. Настанот продолжи со форум на кој гласно се зборуваше за правата на текстилните работнички, проблемите и потребите со кои тие се соочуваат.

„Текстилната индустрија е наш белег, белег на градот Штип и затоа имаме обврска да се бориме да ја развиваме. Во оваа насока сакам да се заблагодарам на Кристина и Гласен текстилец кои осум години зборуваат за потребата од ребрендирање, за состојбата на работничките права во текстилниот сектор и за се она кое е наше секојдневие. Повеќе од 8000 наши граѓани живеат и работат во тектилната индустрија. Убеден сум дека преку ваквите настани ќе се приближат работите кон позитивна насока, а за тоа сме и ние овде“ – вели Јорданов.

На настанот и отворањето присуствуваше и претседателката Гордана Силјановска-Давкова. Во своето обраќање даде силна поддшка кога се во прашање текстилните работнички, пред сѐ нивните права и потреби, но и можностите да се работи и да не се соочуваат со неправди.

„Многупати сум се вџашувала од примерите на нечовечност со кои се соочуваа тектилните работинички. Сум имала можност да случшам неверојати приказни кој ме вознемирувале.“ – вели Силјановска-Давкова.

Кога работиникот е задоволен од својата рабта и своите услови, тој станува лојален и е мотивиран да даде поголем придонес од што придобивки има и работничката организација, но и самата рдржава. Токму затоа потребен е конструктивен дијалог со цел даможе да се постигнат одржливи политики, беше констатирано на денешниот форум.

„Ние веруваме дека борбата за подобри работнички права е од суштинско значење се со цел унапредување на работничкиот ингритет. Сето ова придонесува за позадоволни граѓани и подобро општество за сите. Само преку конструктивен дијалог може да да се постигнат одржливи политики“ – вели Садики.

„Работниците се најважниот капитал на една организација“ – со ова се дава една голема улога на работничките пред сѐ во текстилната индустрија. Целта е да се подобрат нивните права, потреби и да се решат неправдите со кои тие се соочуваат години наназад.

Лаура Стојанова М-Нет