
Второлигашот Кожуф на својот гол го враќа 25-годишниот Борче Картов, кој дома се враќа од редовите на струмичка Беласица.
Тој повторно ќе застане помеѓу стативите на Градскиот стадион во Гевгелија, а во својата кариера покрај за Беласица и Кожуф има настапувано и за Дојранско Езеро, Љубанци и Вардар.
Претходно како што веќе објави телевизија М Нет во Гевгелија пристигна Дејвид Митревски, кој дојде од редовите на Детонит Плачковица.
Екипата предводена од штипскиот стратег Трајче Сенев заврши на 5. место во есенскиот дел со 23 бодови колку што има и Арсими кој е на 4. место.
Александар Ванев, М-Нет