Борец се намачи во Крушево, Превалец, Големо Коњари, Слога и Росоман ги искинаа мрежите!

Превалец со убедливи 9:1 над Младост ја имаше највисоката предност во 16. коло во Трета лига – Југ.

Фаворитот до победата над гостинот од Кривогаштани стигна преку Гаштев, Давитков, Кочов и Секуловски кој беа двојни стрелци, а првиот гол беше делот на Буковски. За гостинската екипа Димоски беше единствен стрелец.

Марена на домашен терен доживеа вистински потоп, откако Големо Коњари славеше со 0:6. Наумоски и Петроски беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Ќамили и Ибраимоски.

Локалното дерби на екс прволигашите Росоман и Локомотива од Градско заврши со убедлив триумф за домашниот тим од 4:0. Сите погодоци беа постигнати во вториот дел од мечот кога Трикиќ постигна два гола за 2:0, во 88. минута Миловановиќ погоди за 3:0, а во финишот Слободан Дуков стрелаше за конечни и убедливи 4:0.

Слога на домашен терен со 5:1 го декласираше „фенерџијата“ Бучин. Рамовиќ погоди за 1:0 во 14. минута, веднаш Каришиќ стрелаше за 2:0. Во 22. минута Мицески беше стрелец за 2:1 на полувреме.

Во вториот дел Слога за неколку минути го реши Бучин. Имероски во 60. минута погоди за 3:1, Каришиќ во 65. минута стрелаше за 4:1, а Емир Каришиќ во 68. минута погоди за конечни 5:1.

Јофис Манасиев е херојот на Борец кој со три гола обезбеди победа за лидерот од Велес. Во мечот кој се одигра во Крушево меѓу Питу Гули и Борец, фаворитот од Велес се намачи за трите бодови.

Манасиев во 8. минута погоди за 0:1, а Алимоски во 13. минута беше прецизен за 1:1. По две минути Алимоски погоди за 2:1, а во финишот на првиот дел Михајлов постигна гол за 2:2 на полувреме.

Во вториот дел Манасиев постигна гол за 2:3, а во 85. минута Велевски го врати Питу Гули во игра за бод откако даде гол за 3:3. Во 88. минута Манасиевски беше херојот за екипата на Љупчо Димитковски – Гања откако погоди за конечните 3:4.

Борец е лидер со 33 бодови на своето конто, Росоман е втор со 30 бодови, колку што имаа Превалец кој е трет и Големо Коњари кој е четврт.

На 5. место со 22 бодови е Слога, Питу Гули е шести со 21 бод, Младост е седми со 18 бодови, Ултрас е осми со 14 бодови, Марена е на деветтото место со 11 бодови, Локомотива е претпоследна со 10 бодови, а на дното е Бучин со седум бодови.

Александар Ванев, М-Нет