
Струмичката фудбалска гордост Беласица на 3. јули ќе ги започне подготовките за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига.
Шефот на стручниот штаб Александар Стојанов со првата прозивка ќе го собери тимот за да се означи старт на летните подготовки за новата натпреварувачка сезона 2024/2025.
Договорен е и првиот пријателски натпревар против екипата на Кожуф, кој ќе се одигра на 13. јули. Во следниот период ќе бидат познати и првиот засилувања во струмичкиот второлигаш, како и планот на подготовки и распоредот на договрени пријателски натпревари.
Беласица минатата сезона заврши на седмото место на табелата со 42 бодови, во сезона во која им даде шанса и можност на младите фудбалери кои се производ на Беласица, а во новата сезона како што дознава телевизија М Нет можни се неколку квалитетни засилувања со прволигашко искуство, па може да се очеквуа Беласица да ги напаѓа местата за Првата лига, но во следниот период ќе бидат познати повеќе работи околу Беласица и плановите на екс прволигашот од Струмица.
Александар Ванев, М-Нет