
Богати трпези за Илинден, но сјајот на празникот го нема. Иако празникот во Штип сè уште се чествува со печено месо, салати, кифли и десерти, но сепак сјајот кој некогаш го правел празникот посебен, се губи со секоја нова година. Некако, духот на заедништвото се повлекол, велат граѓаните. Ги нема старите ора што се влечеле низ улиците, нема гласни смења од дворовите, ниту песна што ќе се прелее од еден дом во друг. Сè поретко се собираат роднини и соседи, сè потивко се слави. Останала само традицијата во чинија – без радоста што порано ја носеше овој ден.
Празникот Св. Илија некогаш беше повод за собир, за блискост, за моменти што се паметат, додаваат граѓаноте. А денес во трката со времето и новите навики, се губи смислата на чествувањето.
Но и под вакви услови, граѓаните децидни Илинден без варени класје не бидува. И годинава ќе варат, како што велат така е адеот овде во Штип.
Инаку, Св. Илија во Штип се чествува во штипската населба Три чешми. Покрај таму, се слави и во карбинските села Аргулица и Радање. Таму селаните прават манастирски манџи, а празникот го чествуваат како нивен заштитник.
Иван Митев, М-Нет