Бобан Георгиев од Бања Лука ја намириса Лигата на Европа а го постигна и првиот, деби – гол

Штипјанецот Бобан Георгиев на 1 септември го облече дресот на екипата на Борац од Бања Лука која настапува во Премиер лига на БиХ. Тогаш во тек беа натпреварите од 7 коло на прволигашкото првенство по што следуваше и репрезентативна пауза ширум првенствата во Европа. Тоа беше период за адаптација, привикнување и запознавање на Бобан Георгиев во новата средина по што следуваа и првите настапи. Она што е карактеристично Бобан ја намириса и Лигата на Европа кога на 17 септемvри во Бања Лука се сретнаа Борац и португалскиот преставник Рио Аве кој забележа победа од 2:0.

Претходно Бобан Георгиев настапи и на дерби натпреварот на Кошево, Сараево – Борац кое заврши бурно и ефикасно 4:2.Бобан Георгиев го постигна и првиот гол за Борац откако во 1-16 финалето од Купот го победија тимот на Травник со резултат 4:0 а Бобан беше стрелец на вториот гол. Засега тој фигурира и како асистент на два гола. Денес на програмата во Премиер лигата на БиХ се натпреварите од 9 коло во кое во Бања Лука следува нов дерби натпревар Борац – Вележ од Мостар. Засега екипата на Борац е на второто место на табелата со 18 бодови зад првопласираниот тим на Сараево кој собра 20 бодови. Во денешниот контакт, Бобан Георгиев нагласи дека целиот тим на Борац е во карантин во очекување на мечот со Вележ кој ќе започне вечерва во 18.00 часот, што впрочем е вообичаена пракса за овој тим било да игра дома во Бања Лука или кога гостува. Бобан Георгиев веќе станува стандарден во единаесетмината првотимци на Борац од Бања Лука па спортската редакција на Mnet.mk му посакува понатамошни успешни настапи.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk