Хајре МТК, Бојан Миовски почна да нишани и прецизно да „стрела“

„Среќен сум за мојот прв гол во унгарскиот шампионат, но не бев среќен од крајниот резултат. Ќе продолжам да работам напорно и ќе се стремам за победнички игри на мојот тим“ – беа зборовиоте на Бојан Миовски кој како играч на унгарскиот МТК го постигна првиот првенствен гол со кој го постигна почесниот гол во домашниот пораз на МТК од 1:2. Минатата недела Бојан Миовски на два пати се запиша во листата на стрелците, но во натпревар од Купот на Унгарија. Со овие голови полека, но сигурно се подесија нишанските справи на штипскиот „бомбардер“ чии игри и голови , како и нашите написи на Mnet.mk будно ги следеше и бележеше селекторот на У – 21 репрезентација на Македонија, Благоја Милевски. Сосема очекувано и оправдано Бојан Милевски е веќе составен дел од У – 21 селекцијата на која и следуваат два квалификациски натпревари, на 8 октомври гостување и средба Казахстан – Македонија и на 13 октомври во Скопје, Македонија – Израел. Па како што почна, така во голгетерски стил му посакуваме и да продолжи нашиот Бојан Миовски во унгарскиот МТК и секако во најдрагиот – репрезентативниот дрес на Македонија.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk