Бесплатен превоз од Штип до с. Љуботен в петок за празникот Св. Петка Параскева, предвидено да има литургија, посна манџа и музика

Бесплатен превоз од Штип до с. Љуботен в петок организира Општина Штип за сите верници по повод празникот Св. Петка Параскева. Поаѓањето ќе биде во 7 часот од трогвскиот ценат, а враќањето во 15 часот. Оваа година е предвидено да се готви посно гравче во петок, а во предвечерието вкусна јанија. Предвидено да има свечена литургија како вечерта, така и утрото, а веднаш потоа богата музичка програма, играорци и веселба на верниците. Таму луѓето си го наоѓаат својот мир, својо лек и својот спас во ова време.

И оваа година од црковниот одбор велат дека очекуваат голем број посетители. Пред се за да се поклонат пред иконата на Св. Параскева, а потоа и да го најдат својот мир во душата и радост во срцето.

Инаку, граѓаните ќе можат бесплатно да ги користат редовните линии од сите места, кои се опфатени со јавниот превоз, кои се одвиваат во утринските термини за стигнување на почетната точно, односно до трговскиот центар, од каде ќе се тргнува за с. Љуботен.

Иван Митев, М-Нет