Астибо загуби од Куманово – Анчева најдобар стрелец, Чаир пресилен, фаворитите според очекуваното!

Ракометарките на Астибо забележаа висок пораз од фаворитот Куманово, кој со 35:27 беше подобар од гостинот од Штип. Сосема беше очекувана победата за Куманово кој е на 4. место на табелата со 45 бодови на своето конто, а штипски Астибо останува во долниот дел од табелата со 12 бодови.

Јана Ѓошевска со десет гола беше најдобра кај Куманово, а девет гола имаше Сара Цветановска, кај Астибо стандарно и очекувано најдобар беше Марија Анчева со 11 погодоци, со што беше и најдобра на самата средба одиграна во „Перо Наков“.

Металург Автокоманда сосема очекувано славеше убедливо над Скопје со 29:38, Чаир го декласираше Спартак со двојна разлика од 44:22, а најдобра беше Ангела Костовиќ со девет гола, лидерот Ѓорче Петров беше пресилен за Деспина со 34:20, Шампион неша сили за фаворитот Вардар кој беше сигурен и убедлив со 19:45, а на овој меч Ивона Трпчевска беше најдобра со 10 гола, Овче Поле дома претрпе пораз од Стружанка со 23:28, а пак „фенерџијата“ Гевгелија одигра катастрофален меч и загуби од Пелистер со 14:40, а Моника Босиловска постигна 12 гола.

Ѓорче Петров е на врвот со 52 бодови, Чаир и Металург го делат второто место со по 46 бодови, на 4. место е Куманово со 46 бодови. На петтото место е Вардар со 40 бодови, Стружанка е шеста со 25 бодови, колку што има и Пелистер кој е место подолу.

На осмото место е Скопје со 22 бодови, Деспина е деветта со 19 бодови, Спартак и Овче Поле го делат 10-тото место со по 15 бодови. Астибо е на 12. место со 12 бодови, Шампион е претпоследен со седум бодови, а на дното е Гевгелија со три бодови.

Александар Ванев, М-Нет