
Второлигашот Беса од Добри Дол го претстави и второто засилување за пролетната полусезона од Втора лига. Ново име во таборот на Беса е Кристијан Ивановски кој доаѓа од редовите на второлигашот Локомотива.
24-годишникот покрај за Локомотива има настапувано и за велешки Борец, Македонија ЃП и Кадино.
Претходно, Беса се засили со Агон Елмази кој пристигна од редовите на Тетекс.