Три непознати лица влегле во стан во Штип изнајмен од лице од Турција и се заканувале

На 28.12.2022 околу 16.30 часот во Полициската станица Штип, М.О.(21) државјанин на Република Турција, со привремен престој во Штип, пријавил дека на 27.12.2022 околу 21.30 часот додека седел со неговите другари во изнајмен стан на ул.„Пиринска“ во Штип, три непознати лица влегле во станот и со закана од присутните побарале да им ги дадат своите мобилни телефони, но не ги одзеле. Се работи на расчистување на случајот.