
Бензинот поевтинува за пет денари, цената на дизелот останува непроменета и изнесува 99 денари за литар, од полноќ нови цена на горивата.
Новите цени ќе започнат да се применуваат од 27 октомври 2026 година, од 00:01 часот, согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Според РКЕ, применето е намалување на акцизата за 4 денари по литар кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и кај ЕУРОДИЗЕЛ БС. Истовремено, за дизел-горивото се применува повластена стапка на данокот на додадена вредност од 10%.Овие мерки се дел од факторите што влијаат врз формирањето на крајните малопродажни цени, заедно со меѓународните котации, девизниот курс и останатите пропишани трошоци и надоместоци.
Ева Тушевска, М-Нет