Астибо на тешко гостување против фаворитот Вардар, дерби на лидерот Ѓорче Петров и Куманово

Овој викенд на програмата се натпреварите од 19. коло од ракометната Суперлига на Македонија. Пелистер на домашен терен ќе се соочи со Шампион во натпревар каде домашниот тим ќе биде голем фаворит за целиот плен, штипски Астибо ќе има тешко гостување кај Вардар, кој ќе биде апсолутен фаворит за трите бодови.

Ова ќе биде дуел на петтопласираниот Вардар кој има 40 бодови и Астибо кој е на 12. место со 12 бодови. Дербито на колото го играат лидерот Ѓорче Петров и четвртопласираниот Куманово во дуел каде „лавиците“ ќе бидат фаворити за трите бодови.
Спартак на домашен терен ќе игра со Скопје, Металург Автокоманда како фаворит ќе го пречека Овче Поле. Овие натпревари ќе се одиграат во сабота.

Колото ќе се комплетира во недела со останатите два натпревари. Стружанка ќе биде домаќин на „фенерџијата“ Гевгелија, која е на дното со само три бодови, а пак Деспина на домашен терен ќе има тежок меч против апсолутниот фаворит Чаир.

Александар Ванев, М-Нет