
Пензионерите бараат линеарно покачување на пензиите, наместо проценутално. Според нив, актуелните мерки за усогласување на пензиите, кои се засновани на процентуално зголемување, не се доволни и не обезбедуваат фер распределба на средствата. Со силен став денес тие го искажаа својот револт, а на 15 јули потенцираат дека ќе одат во Скопје за да разговаарт со премиерот.
Пензионерите велат дека воедно протестираат и за младите. Доколку покачувањето на пензиите е процентуално, истакнуваат дека ќе бидат оштетени идните пензионери.
И останатите пензионери од други градови го истакнаа револтот. И тие со силен став бараат линеарно покачување на пензиите.
Инаку, протсетот денес се одржа во Св. Николе, а на истиот присуствуваа пензионерите од сите градови. И понатаму ја бараат својата правда, која што на 15 јули ќе ја бараат и во Скопје.
Иван Митев, М-Нет