Бабуна ја сруши Тополка, „кикс“ на лидерот Илинден, Богомила до минимална победа!

Овој викенд се одиграа натпреварите од 15. коло од Општинската фудбалска лига во Велес или Четврта лига.

Тополна на домашен терен доживеа вистински потоп откако загуби со 0:11 од екипата на Бабуна, Мортолци на домашен терен со 3:2 славеше над Младост, а пет гола паднаа и на дуелот меѓу Горски и Чашка, каде гостинската екипа со 2:3 беше подобра, но на овој меч домашната екипа најави жалба за неправилен настап на гостински играчи.

Богомила на домашен терен со 2:1 го доби дуелот со Согле, а лидерот Илинден „киксна“ во оваа коло откако загуби од Форца со 1:2.

Во однос на табелата Башкими сега е прв со 34 бодови, втор е Илинден со ист број на бодови, но има меч повеќе. На третото место е Бабуна со 29, Согле е на 4. место со 22 бодови, на петтото место е Богомила со 21 бод.

Шеста екипа на табелата е Форца Нова со 16 бодови, Мартолци е седми со 14 бодови, Гордски е осми со 11 бодови, колку што имаат и Младост и Тополка, а на дното е Чашка како 11-то пласирана со осум бодови.

Александар Ванев, М-Нет