
Лидерот во Втората женска фудбалска лига, екипата на Атлетико со убедливи 11:0 го декласираше составот на Билјанини Извори од Охрид, во рамки на 11. коло.
Мина Ковачевска погоди во 8. минута за 1:0, а потоа Марија Стојановска постигна хет-трик, двојни стрелци беа Мелиса Милица Димитриоска, и Кристина Велјановска, а по еден гол постигнаа Сара Слободанка Димитриоска, Анета Марковска и капитенката Симона Тасева.
Фаворитот Вардар како на тренинг меч со убедливи 0:4 славеше над Порече во Македонски Брод во меч каде Мила Наумовска беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Миа Головска и Миа Закев.
Кочани на домашен терен со 3:1 славеше над Борец во меч каде стрелци за домашниот тим беа Стојмилова, Веселинова и Илијевска, а за гостиот од Велес погоди Јовевска.
Плачковица и Победа Валандово 16 ремизираа играјќи 1:1. За гостинската екипа Викторија Петкова беше стрелец за 0:1, а Софија Атанасова во 65. минута погоди за 1:1, а до крајот гостинот играше со играч помалку откако голманката Викторија Маневска заработи директен црвен картон.
Атлетико е лидер на табелата со 33 бодови, Вардар е втор со 30 бодови, Кочани е трет со 19 бодови, Плачковица е на 4. место со 17 бодови. На петтото место е Билјанини Извори со 12 бодови, шести е Борец со седум бодови, Порече е седми со 6 бодови, а Победа Валанодово 16 е последна со 5 бодови.
Александар Ванев, М-Нет