
Младата Марија Атанасова со видео запис на песната „Земјо мила“ ги разнежи срцата на публиката присутна во штипскиот Дом на млади. Проектот светлоста на денот ја виде три години по неговто започнување, и како што вели Атанасова крајот резултат е задоволителен.
„Овој проект започна пред три години, но не можеше да ја види светлоста на денот. Конечно сега правиме промоција, имаше многу тешкотии, но кога го видов крајниот резултат се беше супер. Чувството е прекрасно, им благодарам на сите кои ми дадоа поддршка“ – вели Атанасова.
Најголемата поддршка вели ја добива од нејзиното семејство и тоа за неа значи премногу. Децидна е дека младите пеачи во државата треба да ја негуваат македонската музика со цел да не згасне и да се одржува.
„Сметам дека јас како млад пеач, дека треба да изведуваме македонски песни, да не згасне онаа македонска музика и да ја имаа онаа емоција на старата македонска музика.“ – додава Атанасова.
Атанасова посочува дека во иднина продолжува со македонска музика, додавајќи дека се работи на нов проект за нова солистичка песна.
Лаура Стојанова М-Нет