
Кикбокс клубот Гладијатор Фајт од Штип во петок заминува на Балканско првенство во Нови Сад, Србија. Изминатиот период тимот под водство на тренерот Шенол Асанов максимално се подготвуваше за настапот на Балканското првенство, а на кое се очекува да има силна конкунреција.
Во рамки на подготовките Гладијатор Фајт во соработка со повеќе клубови од Македонија имаше заеднички тренинзи и проверки пред заминувањето за Нови Сад.
Подготовките беа со клубовите Ронинг од Прилеп, Енерџи од Битола, Комбат од Радовиш, како и Тим Зоран од Струмица.
На Балканското првенство во Нови Сад, Гладијатор Фајт ќе настапи со штипските млади натпреварувачи Антонија Тасева и Јован Јанковски.
Александар Ванев, М-Нет