
Андреа Нисева која е носител на бронзен медал од Европското првенство во борење 2023 – слободен стил, во иднина ќе се бори за Македонија.
Вчера беше постигнат договор меѓу претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски и Нисева, нејзиниот татко и нејзиниот тренер.
Андреа Нисева во осминафиналето финалето на Европското првенство ја победи турчинката Сезин Дикичи, русинката Полина Посохова и полската борачка Јулија Гибалска, а загуби само од грузијката Миранда Капанадзе, со што го свои бронзениот медал настапувајќи за бугарската репрезентација во борење.
„Имајќи ги во предвид нашите долгорочни Олимписки планови и програми, посебно Олимписките игри Лос Анџелес 2028, силно верувам и цврсто сум убеден дека Андреа е идна македонска спортска гордост и иден носител на многу медали од Европски и Светски првенства, но и Олимписки игри“, изјави претседателот на МОК, Даниел Димевски.
Инаку, Андреа Нисева ја доби првата награда за спортист на Штип до 18 години во организација на М Нет телевизија.

Александар Ванев, М-Нет