Големиот интерес за бесплатни мамографски прегледи ја продолжи акцијата до 15 ноември во КБ Штип, бројот е зголемен на 180

Поради големиот интерес за бесплатните мамографски прегледи, акцијата во Клиничката болница во Штип е продолжена до 15 ноември. Како што соопштуваат оттаму, бројот на прегледи од планираните 100 е зголемен на 180, но и тие за помалку од 24 часа се целосно пополнети. Од болницата велат дека во моментов е достигнат лимитот на дневни прегледи на постојниот мамографски апарат. До крајот на годината се очекува да пристигне уште еден апарат за мамографија. Во меѓувреме, од болницата се надеваат дека ќе се реализираат уште вакви акции.

„Поради огромниот интерес акцијата се продолжи до 15.11 и бројот се зголеми на 180 мамографии. За помалку од 24 часа се пополни целата бројка. За жал лимитот на дневни прегледи на апарот е достигнат.

До крајот на годината се очекува да пристигне уште еден апарат за мамографија. А во меѓувреме се надеваме дека ќе се реализираат уште вакви акции во иднина.

Секоја чест на Одделот за радиодијагностика кои ја овозможија оваа акција за вас.“, соопштуваат од КБ Штип

Инаку, акцијата се реализирана по повод Розовиот октомври, месец посветен на подигнување на свеста за карциномот на дојка. Биле опфатени жени на возраст од 40 до 80 години, кои немале направено мамографија во последните две години. Прегледите се реализираат на Одделот за радиодијагностика во Клиничката болница во Штип. Од болницата се надеваат дека и во иднина ќе има можност за реализација на вакви акции.

Иван Митев, М-Нет