
На натпреварот меѓу Беласица и Каменица Саса во рамки на 24. коло од Втората лига, фудбалерот Александар Коцев го забележа својот 100-ти настап за струмичката гордост.
По тој повод пред почетокот на мечот кој имавте можност да го следите во живо на спортскиот канал М Нет Спорт, Коцев доби дрес со бројот 100 од страна на претседателот на клубот Славчо Васков – Пинда.
Коцев е роден 2003 година и тој е еден од најмладите играчи кој на оваа возраст го прославува стотиот натпревар во дресот на струмичката гордост.
„Му посакуваме уште десет пати по толку да го носи дресот на најпосакуваниот и најстар струмички спортски колектив“, порачаа од клубот.
По натреварот за телевизија М Нет ексклузивна изјава даде Коцев, кој најпрво се заблагодари до неговиот клуб, а потоа даде и кратка анализа на мечот против Саса.
Натпреварот меѓу Беласица и Саса заврши без победник 1:1, а во следното коло Беласица во Радовиш го игра дербито на Истокот против Детонит Плачковица.
Александар Ванев, М-Нет