ОФЛ Велес: Нов „кикс“ на Илиден, Горски убедлив!

Поранешниот тренерот Илинден од Башино Село направи нов „кикс“ откако на гостувањето кај Бабуна загуби со 4:2 со што прават чекор назад кога е во прашање првото место кое води во Трета лига – Југ.

Младост 1976 на домашен терен загуби минимални со 0:1 од Богомила, Согле на домашен терен доживеа вистински потоп откако беше декласиран од лидерот Башкими со 1:6. Форца Нова забележа пораз на свој терен со 1:3 од Горски, „фенерџијата“ Чашка и Мартолци одиграа реми со шест гола за 3:3. Во оваа коло слободна беше екипата на Тополка.

Башкими е лидер со 37 бодови, на второто место е Илинден со 34 бодови, Бабуна е трета со 32 бодови. На 4. место следува Богомила со 24 бодови, Согле е место подолу со 22 бодови. Форца Нова е шеста со 16 бодови, Мартолци е седми со 15 бодови, Горски е подолу со 14 бодови.

Младост е деветти со 11 бодови, колку што има и Тополка која е место подолу, а на дното е Чашка со девет бодови.

Александар Ванев, М-Нет