
Низа активности се предвидени за летниот период за членовите на Здружението за слепи лица Штип. Претседателот, Драги Витанов вели дека целта на ваквите настани е да излезат слепите лица надвор од вообичаената средина и опкружување, да разменат мислења и да поминат квалитетно време поминато надвор од дома. Во август, септември и октомври ќе се посетат неколку дестинации надвор од Штип, а една е и надвор од државата.
„Правиме некои активности со кои сакаме да ги извадиме слепите лица од дома и меѓусебно да разменат миселења, да другаруваат. Овој период имаме испланирано неколку активности надвор од градот. Веќе на 19 август ќе имаме средба во Ораовица, потоа од 25 до 27 август викенд во Дојран, а во текот во септември седумдневно другарување во Албанија.“ – вели Витанов.
Во оваа прилика Витанов ги повика сите членови од Штип, Радовиш, Карбинци и Пробиштип да се пријават и да бидат дел од активностите предвидени за летниот период. Додава дека дел финансиски се покрива од здружението, друг минимален дел покриваат самите членови. Можност да патуваат имаат и личните асистенти, доколку за тоа има потреба слепото лице. Витанов посочи дека ваквите активности, средби и дружи продолжуваат да се органиираат во текот на целата година со цел промени да има во секојдневието на лицата со попречености во видот.
Лаура Стојанова М-Нет