Црвен Крст Штип со хуманитарна помош за настраданите, отворени се телефонски линии за секаква помош

Во текот на пожарите, општинската организација „Црвен крст“ Штип беше активно вклучена, а особено кај пламените јазици на планината Серта. Во самото вклучување и помош тие дистрибуираа околу 726 литри вода и воспоставија телефонска линија за психолошка прва помош на настраданото население од пожарите.

„Црвен крст е акативно вклучен во операцијата за справување со пожарите во нашата држава преку мобилните тимови. Се вклучуваме со логистичка поддршка на екипите и институциите, како и граѓаните, кои што се ангажирани во гаснењето на пожарите. Црвен крст Штип преку теренски активности беше вклучен во пожарот кој што избувна на планината Серта, каде што беа дистрибуирани околу 726 литри вода.

Броевите за отворените телефонски линии за секаква психолошка прва помош на настраданите населенија, можат да се најдат на веб страницата на Црвен Крст, а сите парични средства можат да се донираат во фондот за солидарност на Црвен Крст или на телефонските броеви 143 400.

“Црвен крст, отвори и општи линии за психолошка прва помош на настраданото население од пожарите. Телефонските броеви за отворените телефонски линии за психолошка прва помош на населението, може да се најдат на веб-страна на црвен крст. Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош во фондот за солидарност на црвен крст, како и на телефонските броеви 143 400 на македонски телеком и на А1. Црвен крст упатува голема благодарност за оваа хуманитарна акција до сите оние што се вклучуваат во неа.

Црвен Крст во државата е формиран од 1945 година и е самостојна , доброволна, масовна и хуманитарна организација на граѓаните, која дејствува и работи како невладина и непартиска на територијата на самата држава.

Лаура Стојанова, М-Нет