Актерот Пеце Ристевски од Штип – најдобар актер на МТФ ,,Отело“ во Гостивар

Актерот и в.д директорот на домот на културта во Штип, Пеце Ристевски е добитник на наградата ,,Најдобар актер”, на овогодинешното издание на меѓународниот татарски фестивал ,,Отело“ што се одржа во Гостивар. Признанието му беше доделено за неговата моќна и емотивно длабока изведба во претставата ,,Пијани – литургија зеро“ од Иван Вирипаев, а во режија на Дејан Пројковски. Претставата беше изведена на 23 септември оваа година, како дел од официјалната селекција на фестивалот, а оваа награда претставува уште едно големо признание за уметничката зрелост и квалитет на штипскиот театарски ансамбл.

Иван Митев, М-Нет